Импресионирачки салон на Aston Martin во Токио
Британската спортска икона, Aston Martin, го отвори својот најголем центар во светот
Комплексот се наоѓа во округот Ајома, во Токио и опфаќа површина од 1.000 квадратни метри, вклучувајќи изложбен центар, како и корпоративен центар.
https://www.youtube.com/watch?v=KNPFZQ2_wUI
Именуван како The House of Aston Martin Aoyama, новиот дом на брендот во Јапонија е создаден така што да бидат демонстрирани сите аспекти од производниот процес и персонализацијата на компанијата. Се наоѓа на три спрата, а она што треба да се спомене е дека центарот на легендарниот бренд е компониран во неколку области, вклучувајќи изложба со експонати, шопинг за додатоци и простор за релаксација.
-Согласно улогата како втор по значајност пазар на луксузни автомобили во светот, Јапонија е од клучно значење за идниот успех на Aston Martin, коментира Енди Палмер, претседател и извршен директор на брендот. –Според анализите на нашето присуство во светската трговија, уверени сме дека The House of Aston Martin Aoyama брзо ќе стане најголем наш продажен пункт во светот.