fbpx

Салонот во Детроит наместо во јануари во октомври?

Традиционално, автомобилскиот салон во Детроит се одржува во јануари, но најверојатно ќе се премести во октомври, сметаат клучните акционери во компанијата која го организира салонот

Причината е во друго шоу – CES во Лас Вегас, бидејки саемот за електроника добива се повеќе на популарност и привлекува повеќе посетители и излагачи, а двете изложби се поделени во времето само од една недела. До неодамна, автомобилските компании не присуствуваа на CES, но во последниве години ова главно се промени со воведувањето на електрични автомобили и системите за автономна мобилност. Значи, по 2019 година, салонот во Детроит може да стане есенски настан, но сè уште не е потврдено.

– Размислуваме и разгледуваме различни опции, датумите во октомври се една од тие опции, рече портпаролот на Салонот во Детроит, Макс Монси. – Разговараме за ова прашање и со клучните акционери во компанијата која го организира салонот, а целта ни е да дадеме максимум добра можност на секоја компанија за докажување на нашата сцена.

Според многу аналитичари, таквата промена позитивно ќе влијае на салонот во Детроит. Прво, шоуто ќе се раздели со јануарскиот студ во деновите на саемот и второ, ќе им даде шанса на компаниите кои го напуштија поради CES, да се вратат. Оваа година Honda, Hyundai, Kia и уште неколку компании го избраа Лас Вегас и CES за да претстават нови автомобили во јануари, а тоа беше на сметка на Детроит. Промената би дошла, веќе напоменавме, по 2019, а следната година Детроит ќе биде од 14 до 27 јануари, додека CES во Лас Вегас од 9 до 12 јануари.

Поврзани вести

Back to top button