Samson Switchblade- летечки автомобил за само неколку месеци?!
Geely откако ја купи Terafugia најави влез во светот на летечките автомобили, а за следната година американската Samson Switchblade најави дека ќе почне да ги продава првите вакви модели
Geely откако ја купи Terafugia најави влез во светот на летечките автомобили, Uber интензивно ја разгледува можноста за пуштање на сериско производство на летечки такси, а за следната година американската Samson Switchblade најави дека ќе почне да ги продава првите вакви модели. Летечкото возило ќе биде големо колку еден Mercedes S-Class со две врати и две седишта. Ќе се напојува со 1.6-литарски V4 мотор со моќност од 190 КС.
https://www.youtube.com/watch?v=Rgtr5_jU-WY
Во режим на летање, уредот ќе го ротира пропелерот во задниот дел. При лет конфигурација Switchblade е долг 6,3 метри и широк 8,2 метри, а при приземнување со виткање во крилата и опашката, за движење по асфалт, возилото ја намалува должината до 5,1 метри и широчината 1,8 метри. На патот се користи пет- брзински погон за пренос на тркала. Во воздух летечкиот автомобил ќе крева максимална брзина од 305 km/h и максималниот досег ќе изнесува 724 километри. На земјата возилото со крилја ќе крева 200 km/h, а ќе забрзува од место до 100 km/h за 6,5 секунди.
Постојат системи за клима, прилагодливи кожени седишта и дури висококвалитетен саунд систем, а приборот за безбедност вклучува патна заштита при превртување и падобран во случај дека нешто се случува во воздухот. Samson Switchblade ќе го направи својот прв лет следната година, а компанијата Samson Motors ветува дека планира да започне со првите испораки до клиентите до крајот на 2018. Цената на Switchblade се очекува да изнесува околу 120.000 долари.