fbpx

Се појавија фотографии од ентериерот на BMW i4

BMW првите официјални фотографии од својот нов електричен модел i4 ги објави уште во март оваа година, но тогаш не беше претставен изгледот на ентериерот

Една година по претставувањето на студијата под називот Concept i4, BMW во март делумно ја прикажа и сериската верзија на својот електричен модел i4. Сепак, баварскиот гигант во таа прилика не ги објави комплетните детали и не го покажа изгледот на ентериерот.

Сето тоа сега е сменето, бидејќи во јавноста се појавија и првите фотографии кои ја откриваат внатрешноста на BMW i4. Премиерата на i4 се очекува наскоро, но благодарение на неколку фотки кои се појавија предвреме, добиваме можност да го видиме изгледот на внатрешноста на возилото.

На прв поглед, ентериерот на BMW i4 делува како на Серија 3 или Серија 4. Сепак, ако се погледне повнимателно тогаш лесно се забележува дека дигиталниот инструмент панел и iDrive екранот се сосема различни и всушност се претопени во една површина.

Возачките инструменти се целосно различни во однос на Live Cockpit Professional на кои бевме навикнати во изминатите неколку години, но сепак, најголемата промена е iDrive екранот. Станува збор за целосно нов iDrive систем кој се одликува со нов изглед, нова функционалност и нови графики. Благодарение на ова, истиот делува многу подобар од претходно и изгледа многу поинтуитивен.

BMW i4

Друг интересен аспект од овие фотографии е тоа што BMW i4 ќе добие хечбек багажник, како кај Серија 4 Gran Coupe, со што моделот ќе биде попрактичен. Покрај овие работи, станува збор за отприлика стандарден ентериер кој може да се сретне кај Серија 4, но со неколку сини акценти за да го нагласи електричниот карактер на возилото.

Поврзани вести

Back to top button