fbpx

Seat Leon Cupra R ST 2019

Спортски изглед и караван во едно со новиот Seat Leon Cupra R ST. Автомобилот нуди одличен спој на потребата од семеен автомобил и задржување на младешката потреба од автомобил со спортски перформанси

Seat Leon Cupra R ST се базира на неодамна истакнатиот Leon Cupra R хечбек. Како и кај хечбекот, вграден е многу употребуваниот мотор на Volkswagen EA888 кој развива 296 коњски сили и 400 Nm. Но, додека хечбекот е со преден погон и мануелен менувач, караван изведбата има погон на сите четири тркала со седум степен DSG менувач.

Оваа комбинација нема да остане незабележана, но исто така и тврдењето на Seat дека ова е нивниот прв автомобил кој може да достигне 100 km/h за помалку од пет секунди. Иако тоа се поточно 4.9 секунди, новост е што ова забрзување се постигнува со караван – каросериска изведба, која во задниот дел има 482 литри багажен простор и доволно простор за двајца високи возрасни патници.

Ново е и тоа што Leon Cupra R ST добива нови носачи на водилките во системот за потпирање, со цел да го зголемат негативниот вертикален наклон на тркалото на двете оски до два аглови степени, прилагодливи амортизери за уште поцврста контрола на стабилноста на возилото, 340 mm предни сопирачки Brembo, Michelin Pilot Sport Cup 2 пневматици со одлично прилепување и ентериер обложен со Алкантара (материјал од 68% полиестер и 32% полиуретан, што дава зголемена издржливост и отпорност на дамки). Навистина спортски нагласок нели?.

Искуството од возењето по планинските предели покажува дека тоа е моќен автомобил, како и што се очекува од неговиот хардвер. Со вклучена електронска контрола на забрзувањето, истото секако било интензивно, но тоа што импресионирало е влечната сила на автомобилот.

Како вртежниот момент на моторот расте од 2000 до 5200 вртежи во минута, возилото продолжува да се забрзува дури и кога покажувачот на бројот на вртежи се приближува до црвената линија. Сепак, колку и да е импресивна флексибилноста на моторот EA888, неговата звучност не причинува задоволство. Кога погонот е поставен во ‘Cupra’ модус, моќната боја на звукот на моторот не е толку пријатна.

Седум-степениот DSG функционира добро за да биде активно привлечен аспект на конструкцијата на Seat. Промените кон повисок степен на пренос се остваруваат на пргав, но фин начин без чувство удар, но и промените кон понизок степен на пренос се навремени. Прилепувањето кое го има автомобилот дава чувство како да може да влезе во речиси секој свиок со брзина и да излезе на другата страна, добро држејќи се на патот.

Поврзани вести

Back to top button