SEAT со најголем оперативен профит во својата историја
SEAT објави дека во изминатата календарска година оперативната добивка на брендот се зголемила за 24.8% и достигна рекордно, за целата историја на компанијата, ниво од 191 милиони евра (153 милиони евра за 2016)
Од шпанската фирма велат дека врз основа на податоците на компанијата-мајка Volkswagen Group, прометот за минатата година исто така достигна рекордно ниво од 9.892 милијарди евра, што претставува зголемување од 11,2% во споредба со претходната. Главниот „виновник” за подобрување на пазарните позиции на SEAT минатата година беше зголемената продажба. Побарувачката за производите на марката во 2017 достигна ниво од 468.400 автомобили, што претставува зголемување од 14,6% во споредба со претходната и е најдобро годишно од 2001 година, па наваму.
-Сите членови на тимот на SEAT можат да бидат горди на овие резултати, изјави Лука де Мео, претседател на шпанската марка.
-Многу сме задоволни од постигнување на најдобри резултати во историјата на компанијата и во исто време целиме да продолжиме да ги прошируваме нашиот бизнис од посилно.