fbpx

Sеат ќе претстави шест електрични модели до 2021 година

Sеат објави дека до почетокот на 2021 година, брендот ќе има шест модели целосно електрични и plug-in хибриди

Првите два Sеат автомобили ќе бидат Mii и новиот el-Born, а новата генерација Leon и Tarraco ќе бидат првите хибридни понуди од Шпанија. Хибридни модификации или plug-in ќе добијат и CUPRA Leon и CUPRA Formentor. Sеат исто така најави дека за прв пат во својата историја, брендот ќе развие нова автомобилска платформа во соработка со брендот Volkswagen.

Ќе претставува помала верзија на корпоративната MEB платформа и ќе се користи како основа за развој на компактни автомобили од сите брендови со должина од околу 4 метри. Главната цел за создавање на новата платформа е да се развијат прифатливи електрични модели, чија основна цена е под 20.000 евра.

Sеат ја заврши 2018 година со рекордна продажби од 517.600 единици или 10.5% повеќе од 2017-тата.

Seat

Поврзани вести

Back to top button