Seat го претстави Tarraco
Seat официјално го претстави Tarraco, третиот и последен предлог во SUV семејството на брендот
Во споредба со веќе познатите Arona и Ateca, новиот модел доаѓа во верзија со пет и седум седишта, а најважно е што ја демонстрира новата дизајн линија која Seat ќе ја користи во наредните неколку години. Seat Tarraco кој ќе биде лансиран на пазарот на почетокот на следната година, а ќе се произведува во Волфсбург, Германија. Се очекува да привлече повеќе клиенти, нудејќи досега невидени параметри од автомобил на шпанската компанија.
Од Seat се фокусираат на системот за динамична контрола на потпирањето на Tarraco што нуди оптимални варијанти, како сообраќајна удобност и стабилност, како за движење на долги растојанија, така и на различни коловози и површини. Возачот може сам да избира помеѓу многуте режими, но може и да остави системот да работи во автоматски режим.
Tarraco доаѓа со богат сет системи за зголемување на активната безбедност, вклучувајќи систем за задржување на возилото на патот, систем за известување при опасност од удар со функција за препознавање на пешаци и велосипедисти, препознавање на сообраќајните знаци, адаптивен круз контрол, асистент при сопирање и други.
Во палетата на мотори на Seat Tarraco се вклучени две бензински и два дизел предлози кои нудат максимална моќност од 150 до 190 коњски сили, и во зависност од изборот, можат да бидат конфигурирани со седемстепенна роботизирана менувачка кутија, шест-брзински мануелен, систем за погон на предните тркала или 4Drive на четири тркала.