SEAT продолжува со успешна продажба
SEAT имаше успешен старт и во втората половина на 2018 година, забележувајќи го најдоброто достигнување за јули во текот на својата историја
Реализацијата на шпанската марка во изминатиот месец се подобри за импресивни 35,7% и достигнаа ниво од 52.700 пласирани возила. Во првата половина од 2018 година продажбата на SEAT изнесуваше 342.700 единици, што претставува подобрување за 20,1% во споредба со истиот период од 2017.
„Зголемувањето на продажбата од јануари до јуни не вбројува меѓу лидерите кај најбрзорастечки марки за производство на масовни модели, во Европа”, коментира Вејн Грифитс, потпретседател на единицата Маркетинг и Продажба на SEAT. „SEAT евидентира рекордни количини благодарение на офанзивните модели, вклучувајќи ги Ateca и Arona .
Еден од секои три автомобили кои ги продаваме во моментов е SUV модел и овој резултат ќе се зголеми во текот на следните неколку месеци со промоцијата на Tarraco “.
Главниот пазар за производите на SEAT е Шпанија, каде што брендот известува за 16% зголемување на продажбата, или 72.900 возила до јули. На второ место по важност за шпанската марка е Германија, 71.400 единици и раст од 26,4%, по што е Велика Британија со подобрување од 23,5%, или 41.600, Франција со + 23,2% 18.900 и Италија со + 27,1% и реализирани 14.200 возила.
За моделите на SEAT има зголемен кориснички интерес и во земји како Австрија (13.700; + 24,0%), Белгија (6.900; + 45,4%), Португалија (6.800; + 22,2%), Холандија (5.700; + 26,6%) и Алжир, каде од почетокот на годината беа реализирани 12.900 автомобили на марката, а минатогодишниот резултат за истиот период беше само 1.200 единици.