СЕЅ 2018: Нов електричен кросовер од Byton
Byton, новиот бренд за електрични автомобили, создаден од кинеската компанија Future Mobility, најави деби за својот прв кросовер за време на технолошкиот саем CES Consumer Electronics Show во Лас Вегас, овој месец
Се уште информациите околу моделот се доста скромни, а се наведува само дека тој ќе располага со LED осветлување и ќе обезбедува пристап до внатрешноста преку препознавање на лицето. Неофицијални податоци покажуваат дека кросоверот ќе може да минува до приближно 500 километри со едно полнење на батериите. Максималната моќност и динамичките карактеристики остануваат тајна. Автомобилите од брендот Byton се очекува да станат сериозен конкурент на американските електрични возила од Tesla.
Брендот ќе понуди три целосно автономни модели до 2022 година. Првиот од нив ќе се најде на пазарот во четвртиот квартал на 2019 година, прво во Кина, потоа во САД и Европа. Управниот директор на Byton е поранешниот шеф на i- поделбата на BMW, Карстен Брајтфелд, се приклучи на FMC во јули 2016 година. Тој замина по четири изминати години како потпретседател за инженерство на одделот за електрични возила на баварскиот гигант.