Сериозни промени на кинескиот автомобилски пазар
Кинеската влада ќе стави крај на една регулатива, со која ги обврзуваше меѓународните автомобилски производители, доколку сакаат присуство на локалниот пазар, не можеа сами, туку мораа задолжително да создадат заедничка фирма со домашна компанија, со вложување до 50%
Оваа деловна регулатива датира од 1994 година, а се очекува да биде отстранета до 2022 година, каде предност сепак ќе добие кинескиот бизнис. Според информации на REUTERS, уште пред крајот на оваа година, од промените ќе можат да имаат корист странските автомобилски брендови кои имаат производство на електрични возила и plug-in хибридни остварувања, бидејќи за нив тие веќе се на сила.
Значи согласно новините во кинеското законодавство, најголема корист од новите случувања во бизнис климата во Кина, ќе имаат компаниите од калибарот на американската Tesla. Затоа, Елон Маск, уште во летото минатата година објави дека компанијата се наоѓа во процес на преговори со локалната управа на Шангај, а крајната цел е изградба на производствени капацитети во Кина.