Серискиот Audi E-Tron има пет дисплеи во кабината!
Иако во Audi не се подготвени во целост со сериската верзија на електричниот кросовер E-Tron , Германците не можат да се стрпат а да не го покажат интериерот на моделот на своите фанови
Првата фотка од кабината на E-Tron открива дека дури и серискиот автомобил нема да има странични ретровизори, туку тие ќе бидат заменети со мали странични камери, како што беше случајот со концептот. По ова следи и најголемата новина, во понуда ќе има дури пет дисплеи. Еден е пред возачот, два на централната конзола, а последните два ги заменуваат функцијата на странични огледала и се монтирани во предните врати.
Интересно е што возачот ќе може да ги менува поставките на обратното гледање на камерите. Тоа може да го избере со режимот за нормално управување или за помош при паркирање, а дисплеите ќе им овозможат да ја зголемат или намалат сликата. За разлика од концептот E-Tron Quattro, кој имаше три електромотори, серискиот производ ќе користи само два, по еден на предната и на задната оска.
Вкупната моќност ќе биде околу 500 КС, колку што имаше студијата. Напојувањето на електромоторите ќе биде од 95 kWh батери, кои гарантираат со едно полнење автономија од 400 km. До 2025 година Audi ќе отпочне со продажба на повеќе од 20 електрични модели, во што ќе помогне користењето на модулната платформа на VW Group MEB и компонентите за хибридите и електромобилите, разработени заедно со Porsche.