Серискиот Porsche Cross Turismo кон крајот на 2021
Porsche е во вистински налет кога станува збор за еликтрификација на своите модели
Веќе се знаат многу детали и поединости за Taycan, сериски модел развиен врз концептниот Mission E, првиот електромобил на компанијата, а сега е потврдено дека за три години пристигнува и кросовер. Porsche во Женева го претстави концептот Mission E Cross Turismo, со кој на некој начин го навести пристигнувањето на електричниот кросовер.
Оваа експанзија на германскиот спортски гигант е мошне очекувана, согласно стратегијата за иднината на концернот, па нови главоболки за Елон Маск и Tesla, а според најавите Porsche Cross Turismo би требало да се најде во понуда кон крајот на 2021 година. Според она што треба да понуди идниот кросовер не може да се долови од Mission E Cross Turismo, кој е некако со многу пониско тежиште од еден кросовер, но да оставиме за тоа да размислуваат подетално во развојните центри на компанијата од Штутгарт.