fbpx

Северна Америка ги објави победниците за автомобил на годината

За време на меѓународниот саем во Детроит, организаторите на конкурсот NACTOY (North American Car, Utility and Truck of the Year) ги објавија имињата на победниците на овогодинешното издание на натпреварот.

Организаторите најавија дека во исклучително сериозна конкуренција, со наградата Автомобил на годината за 2019 година на Северна Америка веќе може да се пофали Genesis G70, наградата за корисно возило (Utility Vehicle) е за Hyundai Kona и нејзината целосно електрична верзија Kona EV, додека пак традиционалната награда за локалниот пазар во Truck категорија, наградата отиде кај Ram 1500.

До крајниот дел на конкурсот NACTOY 2019 достигнаа по три кандидати во одделните категории. Кај автомобилите тоа беа Genesis G70, Honda Insight и Volvo S60 / V60, кај универзалните Acura RDX, Hyundai Kona / Kona EV и Jaguar I-Pace, а кај големите силите ги одмерија Chevrolet Silverado 1500, GMC Sierra 1500 и Ram 1500.

Поврзани вести

Back to top button