fbpx

Шангај 2021: SUV e:Prototype е предвесник на идниот ЕВ на Honda

Honda на Салонот во Шангај ја претстави својата најава за престојниот електричен кросовер во ликот и делото на SUV e:Prototype

Јапонскиот производител Honda го најави својот престоен електричен кросовер преку прототипот наречен SUV e:Prototype, а продукциската верзија за кинескиот пазар ќе се најде во продажба на пролет 2022 година. Она што е забележливо е дека формата на овој прототип неодоливо потсетува на новата генерација на HR-V, но се одликува со променети преден и заден дел. Покрај тоа што ќе пристигне на кинескиот пазар, престојниот ЕВ на Honda кој е најавен со овој прототип ќе биде и глобален модел, најверојатно како дел од поставата на престојниот HR-V.

Пред се, дизајнерите одлучија да додадат повеќе светла на моделот. Тука се наоѓаат малите светленца на аглите, LED светлечките ленти кои се протегаат околу работ на хаубата, како и осветленото лого на Honda. Нови светла се наоѓаат и на долниот дел од предницата, односно на рабовите на отворите за воздух. Самиот дизајн е еволуција на Honda SUV e:Concept, порадикалниот и спортски електричен кросовер кој беше претставен на Салонот во Пекинг минатата година. Сепак, со оглед на тоа дека овој прототип ја добива базичната форма на каросеријата од HR-V, значи дека дизајнот на овој концепт е подготвен за производство. Од Honda не откриваат фотографии од ентериерот, но истакнаа дека e:Prototype ја користи третата генерација на Honda Connect софтверот кој поддржува бежични унапредувања. Ист отака не се споделени детали ниту за погонот и опсегот на движење на престојниот кросовер.

Инаку, Honda потпиша договор според кој ќе ја користат Ultium батериската технологија на General Motors. Ultium платформата треба да се најде кај возилата на јапонскиот производител, со тоа што архитектурата ќе мине низ модификации со цел да го „поддржи возачкиот карактер на Honda“.

Поврзани вести

Back to top button