fbpx

Шангај 2021: Toyota bZ4X е најава за новиот ЕВ SUV

Toyota е глобално позната по своите хибридни модели, но јапонскиот производител се насочува и кон целосно електричните возила со новиот bZ4X концепт

На Салонот во Шангај, Toyota го претстави својот целосно електричен bZ4X концепт кој е најава за електричниот SUV модел кој треба да пристигне на пазарот во 2022 година. Дизајниран да го најави престојниот продукциски модел, bZ4x е модерна визија на RAV4 EV. Од Toyota не откриваат премногу детали, но концептот се одликува со аглест преден дел и тенки светла, како и истакнати отвори за воздух. Кога станува збор за аеродинамичноста, тука е целосно затворената предна решетка поставена над широкиот отвор со метален трим. Се истакнува и долгата хауба и нагласените сводови над тркалата, а кон задниот дел се истакнуваат опаѓачката линија на покривот. На задниот дел се наоѓаат и привлечните задни светла.

Екстериерот ќе предизвика различни реакции поради својот изглед, но ситуацијата во кабината е нешто поинаква, бидејќи е изработена во традиционален стил. Возачите пред себе ќе најдат голем трикрак управувач и дигитален инструмент кластер со уникатен дизајн, за кој Toyota објаснува дека „ниската позиција на инструмент панелот и позиционираноста на инструментите над управувачот не само што ќе помогнат да се прошири чувството за пространост на возилото, туку исто така ќе помогне во прегледливоста за да се помогне во безбедно и сигурно возење“.

Покрај дигиталниот инструмент панел, тука е и „лебдечката“ централна конзола и инфозабавниот систем со широк екран, кои се обложени со сјајно црн трим, минималистички контроли и ротациски селектор.

Продукцискиот модел доаѓа следната година

Од Toyota не откриваат премногу спецификации, но потврдија дека концептот е поставен на e-TNGA платформата и е заеднички развиен со Subaru. Од компанијата велат дека кросоверот ќе го комбинира легендарниот квалитет, издржливост и долгорочната сигурност на Toyota со можностите за погон на сите четири тркала на Subaru со цел да се „достигне возачко искуство кое е удобно и прецизно“.

Компанијата исто така откри дека продукцискиот модел ќе се произведува во Кина и Јапонија. Кросоверот ќе биде глобален модел, а продажбата ќе почне кон средината на 2022 година.

Toyota ќе понуди 15 електрични возила вклучително седум кои ќе гo добијат bZ (Beyond Zero) името. Компанијата исто така најави и дека ќе ја „донесат електрификацијата во поставата на пикап камионетите во блиска иднина, вклучително хибридни и електрични погони“.

Поврзани вести

Back to top button