fbpx

Шангај 2019: BMW со две премиери

BMW ги откри првите детали за учество на овогодинешниот автомобилски саем во Шангај, што ќе се одржи од 18 до 25 април

На штандот на марката ќе се одржат две премиери- на целосно новата генерација BMW 3 Series за територијата на Кина и светска презентација на спортскиот X3 M, но ќе бидат демонстрирани исто така X4 M, 8 Series Coupe, 8 Series Convertible, новата верзија на електричниот BMW X1 xDrive25Le, Vision iNEXT и други.

Паралелно со премиерата на новата генерација на „тројката“ во Кина, од BMW соопштуваат за плановите за лансирање на производството на посебна негова издолжена верзија која ќе биде достапна за купување само на територијата на земјата. Поголемото меѓуоскино растојание на возилото е искористено целосно за зголемена удобност и простор на патниците на задните седишта, кои се специјално развиени за модификација.

Новите BMW X3 M и X4 M ќе дебитираат со ново развиен шестцилиндричен погонски M TwinPower Turbo агрегати, кои се во состојба да генерираат максимална моќност од 480 коњски сили. За уште повеќе динамика на патот од баварската марка се предвидени верзиите X3 M Competition и X4 M Competition, при што максималната моќност достигнува импресивни 510 коњски сили.

Поврзани вести

Back to top button