Шефот на PSA не верува дека сите производители ќе ја преживеат деценијата
Првиот човек на PSA Групацијата, Карлос Таварес, истакна дека очекува поголема консолидација во автомобилската индустрија во следниот период
За време на Automotive Summit телеконференцијата на Reuters, Карлос Таварес очекува консолидирање на автомобилската индустрија, со оглед на тоа дека компаниите продолжуваат да инвестираат големи суми на пари во електромобилноста. Интересно, шефот на PSA Групацијата исто така предвиде дека нема сите производители да ја преживеат престојната деценија.
Таварес додаде дека неговата компанија нема повеќе да инвестира во мотори со внатрешно согорување и дека PSA е далеку пред своите цели кога станува збор за пресретнување регулативите на Европската унија кога станува збор за емисијата на CO2.
„Само оние најагилните со Дарвинов дух ќе преживеат“, истакна тој, притоа потврдувајќи дека спојувањето на неговата компанија со FCA е се уште во фаза на реализација. Двата ентитети ќе работат под името Stellantis откако ќе се спојат, со што ќе станат четвртиот најголем производител на светот
Таварес исто така истакна дека еден од првите приоритети за Stellantis ќе биде да се унапредат перформансите во Кина, најголемиот светски пазар, каде што ќе има многу помал удел во пазарот, отколку во Европа или САД. „Ниту една глобална автомобилска компанија не смее да си дозволи да не биде дел од најголемиот автомобилски пазар во светот“, истакна тој.
Во моментот кога ќе се основа, Stellantis наводно ќе се фокусира да го намали своето портфолио на брендови, модели и да го намали бројот на фабрики во Кина со цел да ја зголеми профитабилноста.