fbpx

Шефот на Škoda најавува електричен градски и семеен автомобил

По дебито на првиот целосно електричен кросовер на Škoda, моделот Enyaq iV, чешката компанија ќе се насочи кон производство на нови електрични модели

Како што најавува првиот човек на чешкиот бренд, Томас Шафер, Škoda ќе се насочи кон производство на целосно електричен мал градски автомобил, како и семеен седан како додаток во нивното електрично портфолио кое е отворено со моделот Enyaq. Електричниот кросовер е првиот модел на Škoda кој е изграден на MEB EV архитектурата на Volkswagen групацијата, а следната година може да се очекува и купе варијанта на моделот.

Откако истакна дека неговата компанија ќе ги насочи своите електрични напори за градски автомобил и седан во следните две години, Шафер беше запрашан и дали планира електричен еквивалент за секој модел со мотор на внатрешно согорување во опсегот.

„Најпрво, морате да платите за сето тоа. Јас би сакал да имаме уште 10 автомобили, но вкупната инвестиција нема да се случи. Нема да го удвоиме нашето портфолио“, вели тој.

„Од електрична страна, со Enyaq и деривативот на Enyaq кој пристигнува, тоа е доволно засега, но ни треба нешто помало, можеби со градска големина, а ни треба и нешто во рангот на седан, можеби Octavia на иднината, на некој начин. За нашиот бренд, ова се најважните електрични возила кои ќе ги развиваме во оваа деценија“.

Кога станува збор за моделот налик ID.3 кој ќе биде позициониран под Enyaq, Шафер не очекува да пристигне пред половина од оваа деценија.

„Почнување на автомобилски концепти обично трае две или три години, па најверојатно таков модел би пристигнал кон средина на деценијата. Ние се уште веруваме дека Enyaq има многу потенцијал за да исполни широк опсег на барања, почнувајќи од обичен SUV, па се до теренец“.

Кога станува збор за престојната ID Lite платформа на Volkswagen, Škoda дефинитивно ќе се обиде да направи нешто користејќи ја таа архитектура, иако „ќе изгледа сосема поинаку од VW моделот“, заклучи шефот на Škoda.

Поврзани вести

Back to top button