Шефот на PSA, предвидува хаос во автомобилската индустрија
Шефот на PSA, Карлос Таварес е една од најважните фигури во автомобилската индустрија, бидејќи контролира популарни брендови како Peugeot, Citroen, а од пред некое време и Opel
Пред списанието Autocar, Таварес зборувал за некои интересни теми, за кои неговата компанија неодамна пренесуваше мешани сигнали.
„Не си бараме партнери“ – беше категоричен Таварес во одговор на прашањето дали PSA се подготвува за сојуз со некој од своите конкуренти. „Правиме доволно пари за да си ја дозволиме иднината на компанијата која ја следиме. Но, ако се појави таква можност, се разбира дека ќе ја разгледаме“.
Тој не сакал да коментира конкретни имиња, како и информации дека од FCA ја отфрлиле понудата на PSA за спојување поради недостиг на свежи финансиски средства со кои треба да се финансира договорот.
„До 2030 година, ќе има хаос во автомобилската индустрија. Условите ќе станат многу тешки, а не сите автомобилски компании ќе преживеат и не сите ќе успеат да произведат електрични автомобили. Ова е многу возбудливо, бидејќи конкуренцијата ќе биде многу контроверзна и ќе ги отстрани успешните од сите други. Ова ќе создаде можности за договори – спојувања или превземања“, тврди тој.
Таварес како единствена слабост ја дефинира продажбата на PSA и DS во Кина, каде што францускиот гигант бележи слаби резултати во последните години.
„Факт е дека мешаните претпријатија во кои треба да учествуваме за да се подобриме на кинескиот пазар, бараат 50-50 учество, а не се на нашето ниво. Овие мешани компании обезбедуваат бавни пазарни решенија кои не се развиваат и се менуваат многу брзо“, вели шефот на PSA.
Во интервјуто тој ја отвори и темата за дизелите. Тема која е многу битна за пазарот во кој владеат, односно во Европа.
„Во моментов дизелската понуда зазема 35% од продажбата во Европа, а падот во споредба со минатата година е 8%. Постои едно будење во Германија во однос на дизелот, но со помалку емоции. Наместо да се наметне нулта толеранција на дизел, Euro 6 автомобилите успешно го заменуваат стариот дизел. Според мене ова е прагматичен пристап на проблемите“ заврши Карлос Таварес.