fbpx

Шпиунски фотки од новиот X6 M

Баварскиот производител на Nurburgring со прототип на новата односно третата генерација на X6 M

И покрај тоа што сеуште не сме ја виделе новата X6, BMW веќе активно работи на нејзината водечката изведба од овој модел, X6 M. Овој пат ова возило е “уловено” на Nurburgring стазата, каде се изведуваат тестови при голема брзина. Од тука тешко е да не се забележи неговата голема стабилност, проследена со минимално каросериско навалување, како и одличното прилепување со патеката.

Што се однесува до дизајнот, може да се забележи дека овој SUV наликува нa најновиот X4, но во малку поголема форма.

Неговиот изглед е прилично поагресивен, поостар и поспортски од тој на неговиот претходник. Датумот за премиерата на ова возило останува непознат, но сепак лесно може да претпоставиме што би можело да не очекува под неговата хауба. Исто како и кај освежениот X5, така и кај X6 би можеле да ги очекуваме познатите изведби на xDrive40i и xDrive50i кои би доаѓале со 335 коњскиот шест цилиндарски мотор, како и V6 со 456 коњски сили.

Погонот на X6 M би требало да е изведен преку познатиот дво-турбински 4,4 литарски V8 мотор, кој се користи во голем дел од останатите модели од гамата на BMW, со моќност од околу 600 коњски сили, распределена до сите четири тркала.

Се очекува M изведбата од овој модел да биде конструирана така што ќе има помала тежина од класичната X6, но исто така и многу помоќна.Поради сетоа ова, разбирливо е да се очекуваат и промени во суспензијата.

Доколку претпоставиме дека BMW ќе ја претстави новата генерација на X6 во првите месеци на наредната година, веројатно за време на Саемот во Женева, тогаш може да очекуваме дека X6 M ќе пристигне кон крајот на 2019 односно во почетокот на 2020 година.

 

Поврзани вести

Back to top button