fbpx

Што може да очекуваме во 2019 година

Продажбата на голем број нови модели е закажана за наредната година, а што точно не очекува на пазарот ќе ви откриеме во продолжение

Престојната 2019 дефинитнивно ќе биде автомобилска година одбележана со голем број на интересни моменти. Легендарниот Golf влегува во својата осма генерација, заедно со новиот Audi A3, додека од Volvo ни пристига новиот S60. Покрај новиот Golf, од Volkswagen ни доаѓаат спортскиот T-Roc R и малиот кросовер T-Cross.

2019

Од Audi за наредната година најавија неколку SUV модели, како новиот e-tron кој очекуваме да се појави во почетокот на 2019 година. Серијата на Q моделите ќе се прошири со новиот Q4, додека линијата на преформансни SUV модели ќе биде збогатена со уште еден модел, моќниот RS Q5. Исто така ни доаѓа и новиот RS7 кој претставува првиот спортски хибрид во гамата на овој производител, кој е поставен да биде најмоќниот Audi модел до сега.

Голем дел од возбудата е по заслуга и на баварците, кои со својата нова серија 1 ја започнуваат ерата на погон на предните тркала кај возилата од својата гама. Од BMW најавија дека овој модел е прв од шесте престојни кај кои погонот е префрлен на предната оска. Тие исто така ја најавија и продажбата на седмата генерација на популарната серија 3, кабрио верзијата на серија 8, третата генерација на роудстерот Z4, како и SUV моделите X7 и X6.

2019

Германците решија целосно да го украдат вниманието, па така и Mercedes ќе биде прилично активен со нови модели наредната година. Новата Б-класа заедно со новиот GLE ќе бидат достапни веќе од почетокот на 2019 година, додека пак кон крајот можеме да ги очекуваме и CLA, EQC, GLA и GLB.
Престижниот производител ни спреми неколку нови модели, меѓу кој најактуелен е електричниот Porsche Taycan, а ќе можеме да ја погледнеме и новата генерација на 911.

Од фабриката на Opel ни доаѓаат комплетно новата Corsa и освежената Astra.

Шпанскиот производител Seat, во 2019 година ќе се појави со новиот Leon, SUV моделот Tarraco, Kodiaq vRS, Rapid Spaceback, Vision X, како и новиот Superb.
Од француската страна пак, Citroen ќе ни ги претстави новите C5 Aircross, DS3 Crossback и DS 7 Crossback E-Tense, а Peugeot со моделите 2008 и 208. Најпродаваното возило во Б-сегментот-Renault Clio, ќе ја добие својата петта генерација, а исто така од овој производител ни доаѓаат и новиот Captur и малото Twingo.

Јапонците исто така ќе бидат прилично активни, па така Honda во продажба ќе го пушти новиот CR-V хибрид, Mazda ќе се пофали со новата 3, Nissan ќе ги претстави новите Qashqai и Juke, додека пак Toyota ќе ни ги прикаже новата Corolla, SUV моделот RAV4, како и долгоочекуваната Supra.
Директно од Кореа ни пристигнуваат неколку нови модели како Hyundai i30 Fastback N, Kia ProCeed и електричниот Kia Soul.

Поврзани вести

Back to top button