fbpx

Singer ACS – ретро 911 со модерни рели одлики

Компанијата Singer подготви два специјални рели автомобили кои се инспирирани од Porsche Safari 911 и ги нарече ACS

Singer Vehicle Design создаде еден интересен проект, а резултатот на сето тоа е All-Terrain Competition Study, или скратено ACS и сето тоа делува навистина спектакуларно. Возилата се базирани на 964-генерацијата на Porsche 911 од 1990 година и се одликуваат со 3,6-литарски битурбо шестцилиндерски мотор кој испорачува 450 КС.

ACS е првиот натпреварувачки автомобил направен од страна на Singer и е дизајниран заедно со легендарниот 911 рели експерт Ричард Тутил, изграден во неговата гаража во Оксфордшајр. Неименуваниот купувач нарачал две возила – едниот се одликува со бела боја и е за високо брзински пустински рели трки и се карактеризира со Rothmans униформата на 953 и 959 Safari моделите од 1980-тите години, додека црвениот е „дизајниран за високи брзини и настани на асфалт“.

Singer ACS

Освен тоа, купувачот кој ги нарачал овие модели дал согласност за идните клиенти на Singer да можат да ги дизајнираат своите 911 на истиот начин, што секако е добра вест за секој на кого му се допаѓа овој проект.

Singer направи голем број модификации

ACS моделите се одликуваат со перманентна возачка поставка за погон на сите четири тркала, петстепен секвенцијален менувач, резервоар за големи патувања, плус две резервни тркала и гуми. Тука е и заштитниот кафез според FIA спецификации, додека панелите на каросеријата се направени од карбон со цел да се намали тежината.

Меѓу другите модификации тука е и отстранливата 5 милиметри дебелата алуминиумска заштита на подвозјето, специјалниот систем на потпирање за долги патувања со два амортизери со петнасочни поставки, челични сопирачки и BF Goodrich пневматици поставени на 16-инчните тркала. Автомобилот доаѓа и со големи заштити за кал и изгравирано Porsche лого на прекривката за моторот и праговите.

Singer ACS

Кога станува збор за ентериерот, тој е финиширан во две бои, ги има спортските седишта кои се дозволени од FIA, специјално направен управувач, навигациски систем за копилотот, карбонска шипка за хидрауличната рачна сопирачка и вграден хидрациски систем за пилотот и копилотот.

Singer ACS

Иако нема конкретна цена за овие ACS модели, 911 моделите на Singer воопшто не се евтини.

Поврзани вести

Back to top button