Singer ја претстави последната креација инспирирана од Porsche 911
Singer Vehicle Design ја претстави својата последна креација инспирирана од класичен Porsche 911 како комбинација на убавина и перформанси
Овој ретро, воздушно ладен Porsche 911 модел е еден од многуте модели кои компанијата ги произведе во својата историја, а како дополнителен факт за тоа што овој модел е толку посакуван е тоа што станува збор за Targa модел, односно полу-кабриолет, и изгледа навистина прекрасно. Singer го одведе овој модел на едно сосема повисоко ниво.
Надворешноста е во Dark Gunmetal боја со црн тарга панел и никловани детали како што се малите задни браници. Исто така, овој класик вклучува и надворешен филтер за полнење гориво и црн керамички издувен систем. Суптилниот спојлер на задната страна дополнително влијае на провокативниот изглед.
Како и голем број други Singer 911 модели, така и овој се напојува со 4,0-литарски воздушно ладен мотор изработен од Ed Pink Racing Engines кој испорачува 390 КС. Моќноста на задните тркала се пренесува благодарение на шестстепениот мануелен менувач.
Како и обично, Singer особено внимание и време обрна на преработката и редизајнирањето на внатрешноста со цел да го направи овој модел уште подобар. Спортските седишта се обложени со портокалова боја, исто како и панелите од вратите, долниот дел од централната конзола, а тука е и минималистичниот црн управувач со три краци и новиот аудио систем.
Не е познато колку сопственикот платил за ова ремек-дело, но сигурно е дека не поминал баш евтино. Впрочем, сличен 911 од Singer, но во друга боја, во моментов е на продажба преку аукциската куќа RM Sotheby’s за 875.000 долари.