Системот за сопирање во итни ситуации задолжителен!
Сите нови автомобили во ЕУ ќе треба да бидат опремени со автоматски систем за сопирање (AEB). Ова го изгласа Европскиот парламент на иницијатива на Комисијата за транспорт
За да стапи на сила новиот закон, истиот мора да биде изгласан и од Европската комисија (ЕК). Таа се очекува да ја објави својата одлука не порано од март 2018 година. Според тоа, ова правило ќе стапи на сила во средината на следната година.
Инаку, предлог- законот влезе во Европскиот парламент откако Агенцијата за индустриска сигурност за истражување Thatcham Research го објави својот извештај, каде се наведува дека околу 70% од новите автомобили немаат стандардна опрема со екстремно кочење.
„Автономниот систем за сопирање во итни ситуации ќе ги намали судирите за околу 38%. Во моментов, само 30% од новите автомобили на европскиот пазар имаат AEB во нивната стандардна опрема. Очигледно, единствениот начин да се подобри ситуацијата е промена со помош на законодавството. Значи AEB и адаптивната контрола на крстарење ќе станат стандардни системи за секој нов автомобил“, рече Питер Шо, извршен директор на Thatcham Research.
Во САД, производителите на автомобили доброволно го прифатија системот AEB за да влее во стандардна опрема во новите автомобили од 2022 година.