Сите губат, само Tesla добива од пандемијата на коронавирусот
Кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот тешко ја погоди автомобилската индустрија, ланецот на снабдување е погоден, а производството е запрено во многу погони
Автомобилските производители ги запреа своите фабрики и се соочуваат со драматичен пад на побарувачката, а во согласност со тоа паѓа и профитот на компаниите, што ќе се интензивира во неделите кои претстојат. Меѓутоа, во целата оваа несреќа, еден производител, шест дена во низа бележи знаци на забрзано опоравување и тоа среде зголемување на кризата. Станува збор за производителот на електрични автомобили Tesla, чија вредност на акциите повторно достигна сума од 700 долари.
Пазарната капитализација на Tesla е речиси удвоена во последните четири недели, односно од моментот кога е забележана најниската годинешна вредност. Аналитичарите, како предност на компанијата Tesla во овој период, ја наведуваат големата извесност дека вирусот ќе ја забави конкуренцијата која е во потера по американската компанија. Volkswagen, Daimler и BMW сега очајнички имаат потреба од значителни фондови на готовина со цел да продолжат со работењето, односно да не дојде до прекин на вложувањата во функција на истражување и развој од областа на електричните автомобили.
Токму тоа е причината зошто швајцарската банка Credit Suisse ја поправи својата проценка на бонитетот на компанијата Tesla подигнувајќи ја целната вредност на 580 американски долари. Во време на пандемиската криза, позицијата на американскиот производител на автомобили е значително подобра од конкуренцијата, напиша аналитичарот Ден Ливај во студијата објавена вчера.
Предноста на Tesla во однос на конкурентите се зацврсти
Кризата доведе до изразување на предностите на Tesla во трката кон лидерската позиција на концептот на електромобилноста. Сега ќе биде уште потешко за останатите производители да ги стигнат американските пионери во производството на модерни електрични автомобили.
Конкретен пример има и од американската берза NASDAQ, една од најголемите светски берзи. Додека Ford и General Motors забележаа пониска вредност на акциите за повеќе од 5 проценти, додека Tesla напредуваше за 12 проценти. Благодарение на објавата за рекордниот број на испорачани возила во првото тримесечје, вредноста на акцијата на компанијата е во континуиран раст веќе шест последователни дена.