Скици на BMW M8 Gran Coupe на интернет
На интернет се појавија патентните скици на BMW M8 Gran Coupe, моделот со кој Баварците ќе му конкурираат на Porsche Panamera
Премиерата на автомобилот е закажана за следната година. Се очекува дека во BMW M8 Gran Coupe ќе се појави 4.4-литарски V8 мотор со околу 600 коњски сили. Серијата 8 во верзијата купе дебитираше за време на трката 24 часа Ле Ман во јуни, а новиот модел е изграден врз платформата CLAR.
Засега моделот е достапен во две верзии: бензински M850i xDrive и дизел 840d xDrive. Во првиот случај станува збор за 4.4-литарски мотор со две турбини и моќност 530 коњски сили и 750 Nm вртежен момент, а во вториот 3.0, 6-цилиндерски агрегат со 320 КС и 680 Nm. Верзии на Gran Coupe на моделите на BMW веќе се наметнаа како најелегантна варијанти за замена на Серија 6.
BMW ќе учествува со новиот M8 GTE во светскиот шампионат за издржливост (WEC), а ова возилото ќе има V8 мотор со турбо и моќност од 500 коњски сили, ограничена од правилата на BoP (Balance of Performance).