fbpx

Škoda ги покажа првите цртежи од освежениот Karoq

Еден од најуспешните брендови во портфолиото на Volkswagen Group, Škoda, објави цртежи со кој го открива дизајнот на освежениот Karoq

Огромен удел во успехот на Škoda има SUV моделот Karoq, компактниот кросовер кој се смета за индиректен наследник на Yeti. Во пресрет на 30 ноември, кога кросоверот од C-сегментот ќе го добие својот типичен фејслифт на средина од животниот век, компанијата од Млада Болеслав објави неколку тизер фотографии со кои го најавува новиот дизајн. И покрај тоа што недостасува карактеристичниот беџ на предното крило и судејќи по дизајнот на тркалата, моделот прикажан во цртежите најверојатно е во Sportline ниво на опременост. Според фотографиите, предниот дел на освежениот Karoq ќе пристигне со нови фарови. Светлата добиваат потенок долен дел, а тука е и благо рестилизираната предна решетка. LED дневните светла се чини дека ќе имаат „разделен“ дизајн, потсетувајќи на претходната генерација на Octavia.

Долните светла сега се насочени кон страничниот дел на автомобилот, наместо да покажуваат кон решетката како што е случајот со актуелниот Karoq. Кластерот е нешто поголем од претходно и е поставен во браникот со пошироки странични отвори за воздух кои се резервирани за Sportline моделот и се опкружени со нов трим финиширан во темен хром.

Škoda исто така ги промени и задните светла со оглед на тоа дека сега се издолжуваат на задната врата и имаат нешто поинаква форма на левата страна со цел да се комплементира со дизајнот на фаровите.

Деталите околу техничките спецификации не се откриени, но не се очекуваат некои поголеми промени. Karoq нема да добие plug-in хибридна верзија со оглед на тоа дека шефот на компанијата уште претходно изјави дека само Octavia и Superb ќе ја имаат оваа опција.

По официјалното деби на крајот од овој месец, продажбата во Европа би можела да стартува во првата четвртина од 2022 година.

Поврзани вести

Back to top button