fbpx

Škoda го освежи Karoq со унапреден стајлинг и повеќе технологија

По тизер кампањата, Škoda официјално го претстави унапредениот Karoq кој добива освежување на средина од својот животен век

Со цел да остане конкурентен во исклучително компетентниот C-SUV сегмент, Škoda подготви освежувања за својот модел Karoq. Со четири и пол милиони продадени единици од неговото деби, Karoq е еден од најважните модели за производителот од Млада Болеслав, а по освежувањето на поголемиот Kodiaq, сега и помалиот кросовер пристигнува со мали визуелни унапредувања, поефикасни мотори, како и дополнителна технологија и удобни карактеристики во кабината.

Karoq е инстантно препознатлив, благодарение на еволутивниот стилски пристап на дизајнерите. На предниот дел се наоѓаат редизајнираните двојни фарови кои сега се потенки и инкорпорираат Full LED Matrix технологија. Меѓу останатите промени се истакнуваат новиот браник со поширок долен отвор, воздушни завеси и новата шестоаголна решетка која е вообичаена карактеристика низ целиот опсег на Škoda.

Стилско унапредување

Профилот на кросоверот делува идентично и покрај новите дизајни за тркалата со дијаметар од 17, 18 или 19 инчи. Црниот пластичен аеро трим на некои од тркалата во комбинација со предните воздушни завеси, подвозјето, задниот спојлер и останатите елементи допринесуваат за унапредена аеродинамика од 0.30 cd. На задниот дел се наоѓаат потенките LED задни светла со поаголен пристап на површината на задниот браник.

Skoda Karoq

Освежениот модел е долг 4.390 милиметри, што е за 8 милиметри повеќе од претходно. Меѓуосовинското растојание изнесува 2.638 милиметри за варијантите со погон на предните тркала, односно 2.630 милиметри за опцијата со погон на сите четири тркала.

Поголем комфор и повеќе технологија

Во внатрешноста, унапредениот Karoq пристигнува стандардно со 8-инчен дигитален инструмент кластер, додека поголемата 10,25-инчна единица е опционална. Ова е искомбинирано со четири унапредени инфозабавни системи кои се одликуваат со екрани на допир од до 9,2 инчи зависно од нивото на опременост. Апликациите како вестите, временската прогноза и календарот се вклучени во третата генерација на модуларните инфозабавни системи на VW групацијата, Amundsen и Columbus, кои интегрираат еSIM овозможувајќи бежични over-the-air унапредувања на мапата и софтверот. Системите поддржуваат Android Auto и Apple CarPlay конективност додека сопствениците можат далечински да пристапат до возилото преку MyŠkoda апликацијата.

Кога станува збор за безбедноста, освежениот Karoq е опремен со до девет воздушни перничиња и палета на ADAS системи вклучително и асистенција за паркирање, асистенција за приколка, Crew Protect асистенција, Area View и опционалниот Travel Assist кој инкорпорира пет до осум системи.

Покрај дополнителната технологија, Škoda додаде нови декоративни елементи на инструмент панелот и вратите, засилено LED амбиентално осветлување, опционална електронска контрола на предните седишта со мемориска функција и нов Eco пакет со тапацир направен од вегански, одржливи материјали.

Skoda Karoq

Стандардниот капацитет на багажникот е 521 литри и може да достигне до 1.630 литри со поклопени задни седишта. Сепак, со опционалните VarioFlex седишта, багажникот достигнува 588 литри во стандардната поставка со пет седишта, односно 1.810 литри со целосно отстранети задни седишта.

Ефикасни мотори

Karoq ја добива и поефикасната EVO генерација на бензински и дизел мотори кои веќе се користат во голем број автомобили од портфолиото на VW групацијата. Бензинските опции ги вклучуваат 1.0 TSI трицилиндричен мотор кој испорачува 110 КС кој е ексклузивно комбиниран со шестстепен мануелен менувач. Следува 1.5 TSI четирицилиндричниот мотор кој испорачува 150 КС и може да се добие со шестстепен мануелец или седумстепен DSG, додека на врвот е 2.0 TSI четирицилиндричниот агрегат со 190 КС кој е достапен само со седумстепениот DSG. Во понудата се наоѓа и 2.0 TDI дизел агрегатот со четири цилиндри кој испорачува или 116 или 150 КС во комбинација со мануелец или DSG менувач, како и опционален погон на сите четири тркала во најмоќното издание.

Skoda Karoq

Поврзани вести

Back to top button