fbpx

Škoda ја најави Scala

По само неколку дена откако ја откри првата слика на својот потполно нов компактен модел, Škoda вчера го објави и името на моделот што ќе биде официјално претставен пред крајот на оваа година

Од Škoda коментираат дека со Scala брендот ќе го лансира следниот чекор во развојот на дизајнот и технологијата. Соодветно на тоа, ова ќе биде првиот автомобил на компанијата на кој што името Škoda ќе биде прикажан во средината на задната врата на возилото.

„Со новата Škoda Scala ние поставуваме нов почетокот за Škoda во компактната класа“, коментира Бернхард Маер, извршен директор на компанијата.

„Ова е сосема нов развој кој ги поставува стандардите во однос на технологијата, безбедност и дизајн во оваа класа. Убедени сме дека Scala има најдобри шанси да го развие А-сегментот за Škoda“.

Дизајнот на Scala ќе биде сличен на концептуалниот развој Škoda Vision RS, кој брендот го претстави за прв пат на светот за време на меѓународниот саем во Париз. Новиот хечбек на Škoda е првиот предлог на компанијата што е создаден на модуларната платформа A0 MQB, која им овозможува комбинирање на компактни надворешни димензии со пространа внатрешност. Исто така, му овозможува на производителот да интегрира повеќе иновативни системи за да помогне во управувањето и подобрувањето на безбедноста.

Поврзани вести

Back to top button