Škoda подготвува Scala RS
Новиот модел на Škoda во компактната класа Scala, ќе има повеќе од интересна иднина, што се однесува до понудата на повеќе динамика и емоции за возачите
Škoda ја покажа Scala на крајот на минатата година и речиси веднаш се појавија претпоставки дека е слична на VW Golf, Renault Megane и Hyundai i30, но чешкиот модел може да се здобие со доста помоќна и спортска верзија, бидејќи клиентите дефинитивно се заинтересирани за такви предлози. Така патот до Scala RS се покажа доста пократок и новиот модел ќе биде третиот во палетата на Škoda со ознака RS.
Минатата година Škoda го покажа Vision RS – концепт кој претходеше на Scala и кој беше опремен со 1.5 литарски бензински турбо мотор кој работи со електромотор и има вкупна моќност на хибридниот систем од 243 коњски сили. Ако оваа формула се задржи и кај сериската Scala RS, тогаш чешкиот модел ќе биде директен ривал на Golf GTI и другите модели во својата класа, но во однос на цената ќе биде конкурент на Polo GTI.