fbpx

Škoda со повеќе од 30 нови модели до 2023

Чешкиот производител ќе стане уште поголем играч во автомобилската индустрија со воведувањето на повеќе од 30 нови модели до крајот на 2022 година

За време на годишната конференција, Škoda го објави својот план за воведување на 30 нови модели, од кои повеќе од 10 ќе се најдат да листата на делумно или целосно електрични возила. Компанијата не навлезе во детали околу овие модели, но сепак повеќе или помалку знаеме што да очекуваме.

На оваа листа ќе се најде новата plug-in хибридна верзија на Superb, како и електричниот кросовер базиран на MEB платформата, познат под концептното име Vision IV Concept. Се очекува овој кросовер да добие и RS варијанта, со што нема да биде единствен перформансен електричен модел, со оглед на тоа дека се очекува и следната генерација на Octavia RS да добие своја хибридна изведба.

Škoda

Додека ние чекаме дополнителните информации, Škoda слави навистина успешна година во поглед на продажбата. Изминатата година чешкиот бренд испорачал 1.253.700 возила ширум светот, што е зголемување за 4,4 проценти во однос на 2017 година. Приходите од продажба се зголемиле за 4,4 проценти на 17,3 милијарди евра, а оперативната добивка изнесувала 1,4 милијарди евра.

Во текот на следните четири години, компанијата ќе инвестира 2 милијарди евра во електричната мобилноста и новите услуги за мобилност. Дополнително на ова е и инвестицијата во нови производни погони, која изнесува нешто повеќе од 500 милиони евра.

Поврзани вести

Back to top button