Škoda повторно ја одбрани WRC 2 титулата
Првите три места во финалето на WRC 2 им припаднаа на возачите на Škoda, со што 2018 ја одбележаа како најуспешната година во историјата на Škoda Motorsport
На годишната прес-конференција на Škoda Motorsport во Прага се славеа бројни титули, како освојувањето на WRC 2 шампионатот за возачи. Тие исто така го освоија и шампионатот за совозачи трет пат по ред, како и тимскиот шампионат каде четврта година по ред се пласираат на врвот. Ова се должи на одличните возачки способности на Јан Копески, Понтус Тидеманд и Кале Рованпера, кои постигнаа фантастични резултати.
Покрај својот постигнат успех на Светското Рели Првенство на ФИА, Тимот на Škoda исто така може да се пофали и со освојувањето на титулите во сите пет натпреварувања.
Тимот на Јуја Сумијама и навигаторот Такаширо Јасуи од Јапонија, доминираше во азиско-пацифичкото рели првенство ФИА 2018 наречено APRC. Со атмосферската Fabia S2000, од 2012 до 2014 година Škoda го постигна APRC хет-трикот, а следните години чешкиот бренд додаде четири титули по ред со турбо моторот на Škoda Fabia R5.
Азиското Рели Првенство ФИА го освоија Манвир Синг Барјан и Дру Стурок.
По освојувањето на Јужно Американското Рели Првенство на ФИА во 2013, 2016 и 2017 година, тимот составен од Густаво Саба и Фернандо Мусано беа повторно на врвот. Покрај нивните три победи, тие се искачија и на првото место во CODASUR категоријата на Светското Рели Првенство ФИА во Аргентина.
Во Европското Рели Првенство на ФИА, трите најдобри позиции од категоријата за возачи до 28 години, беа освоени од возачите на Škoda Fabia R5, а за успехот да биде комплетен, 17 национални првенства беа освоени исто така од тимовите на Škoda.
Во прилог ќе направиме накратко еден преглед на сите титули и првенства осовени од Škodа оваа година:
Во Светското рели првенство ФИА (WRC 2):
* ФИА WRC 2 шампионат за возач и совозач: Јан Копески и Павел Дреслер (CZE / CZE)
* ФИА WRC 2 тимски шампионат: Škoda Motorsport
Во Азиско-пацифичкото рели првенство ФИА (APRC):
* Шампионат за возач и совозач: Јуја Сумијама и Такаширо Јасуи (JPN/JPN)
* APRC куп за производители: Škoda
* APRC тимска награда: тим Куско
Во Јужно американско рели првенство ФИА (CODASUR):
* Шампионат за возач и совозач: Густаво Саба и Фернандо Мусано (PRY/ARG)
Во Африканско рели првенство ФИА (ARC):
* Шампионат за возач и созач: Манвир Синг Барјан и Дру Стурок (KEN/GB)
* Куп на ARC производител: ŠKODA
Во Европско рели првенство ФИА, У28 категорија (ERC):
* Шампионат за возач и совозач: Николај Грјазин и Јарослав Федоров (RUS/RUS)