fbpx

Škoda ќе произведува во Германија

Некои од производните капацитети на Škoda ќе бидат транспортирани до германскиот град Оснабрук, објави шефот на чешката компанија Бергард Мејер, каде наскоро ќе почне производствен циклус

Всушност дел од производството од погоните во Млада Болеслав се сели во германскиот Оснабрук.

Линиите за производството нема само да се транспортираат од Чешка во Германија, туку опремата ќе биде надградена и модернизирана, а ќе бидат воведени и некои нови технологии. Тоа ќе потрае помеѓу три и четири месеци, кога се очекува во целост да биде завршена целата операција. Производството на германската Škoda во Оснабрук ќе започне со Superb, а потоа и други модели на чешкиот бренд ќе се најдат на производствените линии.

Škoda

Поврзани вести

Back to top button