fbpx

Новата Škoda Rapid следната година

Во 2019 година компанијата Škoda ќе понуди на европскиот пазар нова генерација на хечбекот Rapid, соопштува британското издание Auto Express, кое открива и детали за возилото

Според информацијата, следниот Rapid ќе биде изграден на модуларната платформа MQB A0, која се користи за голем број на модели на концернот Volkswagen. Меѓу нив се VW Polo, Seat Ibiza, VW Virtus и Seat Arona. Истата шасија е во основата на новата Škoda Fabia, како и на идниот теренец на Чесите, создаден според мотивите на концептот Vision X.

Rapid

Новата Škoda Rapid ќе се нуди само со 5 врати, а на пазарот ќе им конкурира на субкомпактните изведби. Хечбекот ќе добие широк спектар на енергетски агрегати, вклучувајки ги бензинските од 1.0-литри со моќност од 84 до 109 КС, 1,5 со 148 КС, како и 1.6-литарски дизел. За моделот е предвиден и „мек” хибриден систем, кој најверојатно ќе биде преземен од обновениот VW Golf.

Детали за новиот Rapid треба да се очекуваат подоцна, а не е исклучено моделот дури да биде претставен уште оваа година, а сепак лансиран идната.

Поврзани вести

Back to top button