fbpx

Škoda слави 60 години на Octavia

Oвој месец се одбележуваат 60 години од лансирањето на производството на еден од најпознатите иконски и популарни меѓу корисниците модели во целата историја на Škoda, моделот Octavia

Првите претставници на Škoda Octavia се двоврати верзии опремени со 1.1 литарски четири цилиндерски мотор со максимална моќност од 40 коњски сили и во комбинација со четири степен менувач, како и заден погон. Највисоката брзина на пионерот е 110 km/h, а просечната потрошувачка на гориво е 7.7 литри на 100 километри.

Во март 1960 година, за време на салонот во Женева, Škoda ја претставува спортската Octavia Touring Sport (TS), со максималната моќност од 50 коњски сили. Истиот е евидентиран како исклучително успешен со своето деби на релито, Монте Карло и го држи највисокото место во својата класа следните три години.

Во годините од 1959 до 1971 година, Škoda произведе 360.000 единици на Octavia, вклучувајќи повеќе од 54.000 варијанти на караван изведбата.

На 4 април 1996 година, по купувањето на Škoda од страна на VW Group, започна современата историја на Octavia. Од нејзината прва генерација, до ноември 2010 година, се произведени повеќе од 1.440.000 единици. Втората генерација на моделот генерира 2,5 милиони продадени единици, а актуелната трета е на ниво од над 2,5 милиони.

Поврзани вести

Back to top button