fbpx

Škoda со цртежи ја најави Fabia во Monte Carlo изведба

Škoda го користи името Monte Carlo веќе 11 години, а станува збор за спортски трим кој се користи за неколку модели на чешкиот производител

По Scala и Kamiq, сега и четвртата генерација на Fabia ќе се приклучи кон семејството на Monte Carlo, откако малиот хечбек е најавен во ваква изведба преку три официјални цртежи објавени од страна на Škoda.

Fabia Monte Carlo визуелно ќе се разликува од останатите модели во поставата благодарение на црниот финиш околу решетката, аеродинамичните додатоци на предниот браник, екстензиите на страничните прагови и редизајнираниот долен дел на задниот браник кој добива и дифузер. Од друга страна, покривот, капаците од ретровизорите, задниот спојлер и натписот на задната врата се финиширани во црна боја, а тука се и Monte Carlo беџовите на предните крила. Мора да се напомене и тоа дека Fabia Monte Carlo ќе се нуди со петкраки 18-инчни тркала, како што може да се забележи и во самите цртежи.

Во внатрешностса карбонските елементи на вратите и инструменталниот панел, во комбинација со црвените акценти на контролната табла, централната конзола и рачките од вратите креираат спортска атмосфера. Monte Carlo беџот е поставен на спортскиот управувач кој е обложен со кожа. Цртежот од ентериерот го прикажува и опционалниот 10,25-инчен дигитален инструмент кластер и 9,2-инчниот инфозазбавен екран на допир.

Ако се суди според Monte Carlo верзиите на поголемите Scala и Kamiq, и Fabia Monte Carlo би требало да добие различни избори за моторот и менувачот. Со оглед на спортската природа која ја има овој трим, можеме да го очекуваме 1,0-литарски трицилиндричен TSI мотор со 110 КС, или пак 1,5-литарскиот четирицилиндричен TSI со 150 КС. Вториот агрегат, ексклузивно комбиниран со седумстепениот DSG менувач и опционално достапен со спуштен спортски систем на потпирање, многу веројатно ќе остане најбрзата верзија на Fabia.

Поврзани вести

Back to top button