fbpx

Škoda со нов SUV за Кина

Škoda ги откри првите детали за уште еден SUV модел кој ќе се придружи на семејството автомобили на марката во Кина.

Од Škoda коментираат дека новиот концептуален развој Vision GT демонстрира голем дел од дизајнот и технологијата, кои ќе станат достапни на кинеските корисници, и ќе стане петтиот SUV предлог на брендот во земјата.

Сериската верзија на Škoda Vision GT, која ќе биде претставена подоцна во текот на оваа година, е специјално дизајнирана според потребите и барањата на кинеските клиенти, а истата комбинира компактни димензии (должина 4416 mm, ширина 1906, висина 1663 mm, меѓуоскино растојание 2611 mm) со пространа внатрешност, висока технологија и динамичен дизајн.

Škoda коментираше дека минатата година компанијата имаше највисок раст во Кина меѓу сите европски производители на автомобили. Продажбата на брендот достигна ниво од 341.000 единици, што е за 4,9% повеќе отколку во 2017 година.

Поврзани вести

Back to top button