fbpx

Škoda со нови фотки и детали за Octavia Combi

Škoda го откри изгледот на наследникот на најпродаваниот европски караван Octavia, а во продажба прва ќе се најде верзијата Combi

Нови фотографии од бестселерот Škoda Octavia, сега фокусот е на верзијата Combi. За прв пат може да се пофали со хибриден погон, но во понудата ќе се најде и стандардната бензинска, како и дизел верзија, но и верзија која ќе се движи на компресиран природен гас(ЦНГ). Верзијата Combi ќе биде првата која ќе се најде на европскиот пазар оваа пролет, со оглед на тоа дека е попопуларна од останатите два вида на каросериски верзии. Караванската верзија на Octavia во претходната генерација беше најпродаваниот караван (вагон) во Европа.

Како што е случајот и со новите Seat Leon, VW Golf и Audi A3 кои исто така се поставени на MQB Evo платформата, така и четвртата генерација на Škoda Octavia Combi е уште пософистицирана од претходно. Моќта на моторот ќе биде меѓу 109 и 201 КС, а хибридот со едно полнење ќе може да помине околу 60 километри во режим на движење исклучиво на струја, со оглед на капацитетот на батеријата од 13 kWh. Покрај стандардниот хибрид Octavia iV, тука е и перформансната верзија Octavia RS iV.

Skoda Octavia Combi

Дизајнот на новата генерација на Octavia е очигледно револуционерен, а истото важи и за пространоста на моделот. Škoda ги промени димензиите на својот автомобил, правејќи го подолг и поширок од својот претходник, што резултира со поголем простор за патниците на задната клупа и поголем простор во багажникот, кој според капацитетот од 640 литри (кај караванската верзија) е најголем во сегментот.

Skoda Octavia Combi

Škoda со целосно нова внатрешност за Octavia

Внатрешноста доби речиси целосен редизајн, со нова инструментална табла како и централен екран со димензии од 8,25 до 10 инчи, како и опционален 10,25-инчен Virtual Cockpit, oдносно дигитален инструмент кластер. Исто така, тука е и новиот двокрак управувач со нови контролни копчиња. Бројот на опционална опрема е поголем од било кога, а вклучува и Ergo седишта со масажери и вентилациски функции, head-up екран, греење на предното стакло, тризонски Climatronic клима-уред и уште многу други работи.

Skoda Octavia Combi

Како што е напоменато погоре, новата генерација на Octavia доаѓа со широк спектар на погонски склопови. На врвот на понудата е plug-in хибридната верзија Octavia iV кој се напојува со комбинација на 1,4-литарски TSI бензински мотор со електричен мотор и 13 kWh батерија за комбинирана моќност од 201 КС.

Новата Škoda Octavia Combi ќе се појави во продажба оваа пролет, по што ќе следува и хечбек верзијата неколку недели подоцна.

Поврзани вести

Back to top button