fbpx

Škoda со видео тизер ја најави премиерата на освежениот Kodiaq

Škoda наскоро ќе го претстави освежениот Kodiaq, а во меѓувреме чешкиот производител објави видео тизер со кој ја најавува премиерата

Škoda Kodiaq ги добива своите очекувани промени во средина на својот животен век. Во пресрет на премиерата која ќе се одржи на 13 април, чешката компанија објави видео во кое посочува дел од промените кои кросоверот ќе ги добие со новата рестилизација.

Фокусот во тизер видеото е ставен на редизајнираните LED предни и задни светла, заедно со новите дневни светла на предниот и ревидираниот C облик на задниот дел. Повисоките нивоа на опременост ќе добијат и Matrix LED поставка на светлосните групации. Покрај светлечките групи, останатите детали по кои освежениот модел ќе се разликува во однос на актуелниот се новиот преден браник кој се карактеризира со пошироки долни отвори за воздух поставени под магленките. Претходните тизер фотографии исто така ги открија сменетата решетка и редизајнираната хауба со метални акците, додека некои шпиунски фотографии покажаа дека во согласност со филозофијата на компанијата, логото ќе биде заменето со името Škoda на средина од задниот дел.

Покрај ова, не се очекуваат некои радикални промени на Kodiaq кога станува збор за ентериерот, а дизајнот на контролната табла се очекува да биде истата како и претходно. Но, Škoda би можела да вметне нов инфозабавен систем и дигитален инструмент кластер, а постои можност и за едноставно унапредување на софтверот. Нови опции за тапацирот и трим најверојатно ќе го заокружат освежувањето.

Според најавите, Škoda Kodiaq ќе пристигне со вообичаените бензински и дизел мотори како и погон на сите четири тркала за повисоките нивоа на опременост. RS варијантата наводно ќе го задржи 2,0-литарскиот битурбо дизел агрегат кој испорачува 240 КС и 500 Nm максимален вртежен момент кој се наоѓа кај актуелниот модел.

Поврзани вести

Back to top button