fbpx

Во Скопје одржана манифестацијата „1st Skopje Vespa Days“

Изминатите два дена во македонската метропола се одржа манифестацијата „1st Skopje Vespa Days“, со која и е дадена полна подршка на прославата на половина век на култниот мотоцикл

Извонредна глетка низ улиците на Скопје, над 100 мотоцикли од легандарната Vespa продифелираа низ македонската метропола, со цел да ја подржат глобалната прослава на 50 години на ова легендарно остварување на две тркала, оригинално и единствено по многу нешта. Организаторите преку „1st Skopje Vespa Days“ сакаа да понудат едно поинакво доживување во градот, да го промовираат во вистинско светло пред гостите од другите држави и преку дружба да покажат дека луѓето кои се вљубеници во Vespa се дел од едно поголемо, глобално семејство, кое ги обединува една иста мисла – љубовта кон мотоциклите, слободата и спојот на безбедноста и стилот.

„1st Skopje Vespa Days“

Манифестацијата со свое присуство ја збогатија поканетите гости од повеќе градови низ Македонија, како од соседните Бугарија, Србија, Грција и Албанија, така и од Црна Гора и Хрватска. Со своето дефиле освен што беа беспрекорен декор на скопските улици, учесниците на овој настан промовираа култура на возење и безбедност во сообракајот, што е од голема важност за нашата заедница. Во чест на традицијата, „веспаџиите“ организираа повеќе културни и промотивни настани со што навистина му оддадоа достоен белег на остварувањето кое почна да се произведува во далечната 1946 година во погоните на Pijagio и со волшебна моќ ги освојува меридијаните на земјината топка и ден денес.

Манифестацијата ја подржаа и повеќе компании како Motul, Novako и Макпетрол АД Скопје, кои подарија ваучери за секој учесник на стартот на дефилето, на бензиската станица на Партизанска.

„1st Skopje Vespa Days“

Поврзани вести

Back to top button