fbpx

Скутер CanguRo ќе те следи како кученце кога нема да се вози?!

Новиот предлог на скутер, со име CanguRo, не само што може да се вози, туку кога ќе сопрете да го управувате ќе може да ве следи како кученце

И не само тоа – туку да дојде на одредено место од каде да го земете и ќе продолжите да го управувате. Скутерот е дело на Шунжи Јаманака од институтот Chiba на центарот за идни технологии и развој на роботи во Јапонија – roFu. CanguRo е создаден како „личен асистент и оператор“. Тој поседува искусен интелект, познат како scanSLAM, кој генерирана 3D мапи со користење на податоци од сензори, за да може да си создава рута, која ќе ја минува сам.

Групата на сензори вклучува 3D LiDAR, широкоаголна камера и далечински сензор. Возилото е раководено од сопствен роботизиран оперативен систем на институтот и може автоматски да го следи сопственикот или да биде контролиран далечински со помош на таблет или паметен телефон. Може да се испраќа автоматски во самостоен режим на одредена локација каде што може да го почека сопственикот по состанокот.

CanguRo ја врши функцијата на нормален скутер.

Погонот е на мотори преку оската на 12-инчните предни тркала, а задното е 10 инчи и е посебно контролирано. Максималната брзина е 10 km/h, а вртежниот момент е 0,93 Nm. Масата на скутерот-робот е 64 kg и тој автоматски може да запира. На пример ако процени дека го очекува судир со пречка сам застанува.

Поврзани вести

Back to top button