Следната година Германците ќе купуваат уште помалку дизели?
Германија најверојатно ќе заврши 2017 година со најдобрата продажба на нови автомобили во историјата, но за следната година се очекува пад во трговијата, прогнозира агенција Reuters
Силната економија и отстапките кои ќе мора да ги направат трговците за одредени модели ќе придонесат за пад во продажбата до година во овој сегмент за барем 3%, што значи пласирани 3,4 или 3,5 милиони примероци. Тоа е многу блиску до рекордно најслабата 2009 година, кога во Германија беа продадени 3,8 милиони нови автомобили. Всушност, според експертите по економија, главната причина за ова ќе е постојано намалувањето на побарувачката за дизел автомобили.
А, ова намалување е од последиците од скандалот Дизелгејт, како и политиката за заштита на чистиот воздух во германските градови, според која се најавуваат повеќе ограничувања за дизел изведбите. Минатата година дизелската понуда држеше меѓу 45 и 46% од пазарот на нови автомобили во Германија, но во 2017 овој процент се намали и под 40%, а до година ќе се намали како велат експертите за уште поголем процент.
Имено, веќе во февруари се очекува многу важна одлука на германскиот Врховен административен суд, посветено на ограничувањата на дизел автомобилите. До неа се дојде по низа одлуки на пониски по ранг административни судови, кои се на мислење дека забраната на пристап на дизел до германските градови е неопходна, за да се помогне во напорите на ЕУ за почист воздух во европските градови.