Следната генерација на Mitsubishi Mirage станува мал кросовер
На светскиот пазар доминираат SUV и кросовер изданија, па Mitsubishi реши да им го понуди во ваква варијанта на своите клиенти моделот Mirage / Space Star, кој сега се како традиционален урбан хечбек. Следната генерација на моделот треба да ја очекуваме следната година.
Јапонските специјализирани изданија тврдат дека Mirage ќе стане мал кросовер. Најверојатно ќе се базира на следните генерации на Renault Captur и Nissan Juke. Да потсетиме дека Mitsubishi е веќе дел од сојузот на Renault и Nissan. Според првичните информации достапни од компанијата, новиот модел, кој би можел да го смени и името, ќе биде со 0,9-литарски турбо мотор, како и мал дизел од 1,5 литри. Исто така ќе постои и верзија со електричен или барем хибриден погон. Кросоверот ќе остане во продажба до втората половина од следната деценија.
Главните конкуренти на моделот ќе бидат возила како што се Peugeot 2008 и Hyundai Kona.