fbpx

Следниот Range Rover добива нова платформа

Следната генерација на Range Rover ќе биде изграден врз нова алуминиумска платформа, а моделот ќе добие и мала промена во дизајнот, а најсериозните промени ќе се во палетата мотори

Поточно, сегашните V6 и V8 мотори ќе бидат заменети од реден 6-цилиндерски мотор од фамилијата Ingenium, а според најавите новиот Range Rover ќе има и „меки” хибридни верзии. Според британското списание Autocar, петтата генерација на теренецот ќе е моќен конкурет на Bentley Bentayga и Rolls-Royce Cullinan.

Се очекува дека новиот Range ќе биде доста полесен од својот претходник, а тоа ќе се постигне со користење на модуларната платформа MLA (Modular Longitudinal Architecture).

Тоа ќе биде главната платформа за Jaguar Land Rover моделите во блиска иднина. Новата генерација на моделот нема да се разликува многу по големина од сегашната. Новиот Rover ќе добие нов Touch Pro Duo екран на допир со два 10-инчни дисплеи и Smart Settings врз основа на вештачка интелигенција.

Range Rover | Range Rover
Range Rover | Range Rover

Поврзани вести

Back to top button