Следниот Renault Captur добива нова платформа и мек хибрид
Во 2019 година, францускиот производител Renault ќе ја претстави втората генерација на популарниот кросовер Captur
И покрај тоа што има многу време пред неговата премиера, L’Argus веќе откри некои детали за моделот. Според информациите, Captur ќе биде изграден на новата платформа CMF-B, која е во основата на Nissan Juke, а исто така и на новото Renault Clio, чија светска премиера ќе се одржи за време на автосалонот во Париз, оваа есен.
Новата шасија ќе ги зголеми димензиите, вклучувајќи го и растојанието помеѓу двете оски. Сериозни промени се очекуваат и во техниката. Три-цилиндерскиот мотор со капацитет од 0.9 литри ќе биде заменет со нов, 1.0-литарски HR10, со 100 КС. Кросоверот исто така ќе добие 4-цилиндерски H13 со 140 или 160 КС, во зависност од модификацијата. Овој мотор е развиен во соработка со Daimler, со цилиндри покриени со ист материјал како и моторот на Nissan GT-R. Ова го намалува триењето и ја подобрува потрошувачката.