fbpx

Следниот VW Golf R би можел да биде електричен хот хеч со два електромотори

Volkswagen најави дека сите R модели до 2030 година ќе бидат електрични, а истата судбина го очекува и Golf

По фејслифтот од средината на циклусот планиран за актуелниот модел во 2024 година, VW Golf ќе доживее деветта генерација подоцна оваа деценија. Моторите со внатрешно согорување ќе заминат во историјата и култниот автомобил ќе стане чисто електричен модел кој ќе се најде под ID.3 во поставата на Volkswagen. Луѓето од Волфсбург веќе најавија дека „GTI“ и „R“ ќе се користат во ЕВ ерата, а во новиот извештај на Autocar се наведува дека R верзијата е веќе планирана.

Како што претходно беше објавено, ID.2 поставен на претстојната платформа MEB-Plus базирана на погон на предните тркала, на крајот може да го добие називот Golf и да добие своја GTI варијанта. Британскиот магазин од свои извори дознава дека новата архитектура е конструирана за да се приспособи на поставка со два електромотори, со што се отвора можноста за Golf R со погон на сите тркала. Се разгледува и AWD систем за кросовер верзија на ID.2.

Во мај 2021 година VW го претстави ID.X како концептуален хот хеч со пого на четири тркала и 329 КС. Сериската верзија, која привремено ја носи ознаката „GTX“, ќе пристигне базирана на фејслифтираниот ID.3. Прерано е да се каже дали целосно електричниот Golf R ќе има иста моќност со оглед на различната архитектура.

ID.2 е планирано да се појави во продажба во 2025 година, така што сите деривати за перформанси се планирани да пристигнат во втората половина на деценијата. Со Touareg R, VW R веќе (делумно) ја прифати електрификацијата давајќи му на луксузниот теренец plug-in хибриден погон кој се состои од 3,0-литарски V6 турбо агрегат и електричен мотор што резултира со вкупна моќност од 456 КС и 702 Nm.

 

Поврзани вести

Back to top button