fbpx

Smart #1 електричниот кросовер ја најавува новата иднина на брендот

Smart се враќа на сцената со целосно нов производ и влегува во светот на електричните кросовери со својот нов #1 модел

Компанијата Smart тргнува по нов пат, а новиот целосно електричен кросовер наречен #1 го најавува она што можеме да го очекуваме од производителот во иднина. Новиот Smart #1 е драстично отстапување од она што компанијата го нудеше во минатото, со оглед на тоа дека овој модел е дизајниран за да ги привлече купувачите со својот елегантен изглед, еден куп технологија и целосно електричен погон.

Smart #1

„Нуклеусот“ на она што ќе претстои од оваа марка, Smart #1 е првиот целосно електричен производ на марката лансиран откако Geely откупи 50 проценти од брендот од Daimler. Исто така, ова е првиот Smart производ кој е поставен на SEA платформата за целосно електрични возила на Geely. Кај #1 ова значи максимален домет на движење од 440 километри, благодарение на 66 kWh батеријата поставена во подот.

Smart #1

При лансирањето, Smart #1 ќе пристигне со еден електромотор поставен на задната оска кој испорачува 268 КС и 343 Nm максимален вртежен момент, додека максималната брзина е ограничена на 180 километри на час. Други батериски опции ќе пристигнат нешто подоцна, а SEA архитектурата може да поддржи до три електромотори, иако засега не е потврдено дека #1 ќе ја искористи оваа поволност во иднина.

Новиот #1 се одликува и со некои дизајнерски решенија кои ќе привлечат големо внимание, како што се вратите без рамки, рачките вградени во каросеријата и панроамскиот стаклен покрив.

Smart #1

Врвна изработка и богата опременост

Како своевиден начин за релансирање на Smart брендот, #1 е исто така поголем од било кој претходник од оваа марка. Од Geely велат дека кросоверот ќе има слични димензии како Kia Niro EV, Mini Coutryman и Renault Megane E-Tech, но дека ќе има поголема пространост во кабината. Според нив, ентериерот ќе може да се спореди со луксузната E-Класа на Mercedes.

Кога веќе станува збор за внатрешноста, купувачите таму ќе најдат 12,8-инчен инфозабавен екран и 9,2-инчен дигитален инструмент кластер, како и 10-инчен head-up екран. Напредната безбедносна технологија како што е адаптивен темпомат, мониторирање на слепа топчка и адаптивните фарови исто така се достапни кај #1.

Цените за новиот целосно електричен кросовер на Smart дополнително треба да бидат објавени, а производството ќе започне подоцна оваа година, додека испораките се очекуваат кон почетокот на 2023.

 

Поврзани вести

Back to top button