Со одлична дружба, заврши првиот ден од Авто Плус Street Show
Првиот од двата дена на најголемиот авто-мото настан во нашата земја, Авто Плус Street Show помина со одлично расположение и забава
Помина првиот ден од Авто Плус Street Show, автомобилски саем на отворено, а присутните имаа можност да се запознаат со голем број новитети на македонскиот пазар од најпознатите и најголемите марки. Посетителите на настанот имаа шанса да се запознаат и со понудите за комерцијални возила, нови мотоцикли, АТВ, четирицикли, електрични мотоцикли и велосипеди, како и автомобилска галантерија и додатоци за возилата. Времето одлично не послужи, а расположението на кај присутните дополнително го разубавија овој уникатен настан за македонската автомобилска индустрија.
Посетителите уживаа во сјајот на новите возила, каде можеа да се запознаат со секаков вид на автомобили и мотоцикли, со различни погони и за различни намени. Едноставно прекрасен ден за љубителите на превозните средства на две и четири тркала.
Направени беа неколку премиери, а Авто Плус Street Show, со уште позасилено темпо продолжува утре од 10 часот и ќе трае се до 20 часот. Во текот на утрешниот ден очекуваме уште подобри временски услови и уште повеќе посетители, а подготвени се уште десетина премиери и презентации на нови модели. За повеќе детали дојдете на лице место, а премиерите започнуваат од 12 и ќе траат се до 14 часот. Ваше е да присуствувате на оваа дружба, да понесете добро расположение, а ние ви ветуваме дека нема да зажалите.