fbpx

Со забраната на ЕУ, најголем предизвик ќе станат батериите за ЕВ

Со забраната која треба да стапи на сила за продажба на конвенционални возила, побарувачката за ЕВ батериите ќе направи хаос на пазарот

Земјите-членки на ЕУ го заклучија планот за намалување на емисиите на СО2 кај возилата до нула до 2035 година, со што практично се потпишува наредба за крај на технологијата на внатрешно согорување, а со тоа се создава главоболка за производителите на автомобили.

Но, причината за главоболка нема да биде постепеното исфрлање на автомобилите и теренците со погон на внатрешно согорување. Според Арно Антлиц, главен финансиски директор на Volkswagen Групацијата, најголемиот проблем за сите компании ќе биде набавувањето и снабдувањето со доволен број на батерии за своите електрични возила, што на производителите на автомобили им создава големи проблеми и главоболки.

Иако одлуката за 100 процентно намалување на CO2 до 2035 година сè уште не е пропишана со закон, договорот е завршена работа. Пет земји, вклучувајќи ги Италија и Словачка, бараа дополнителни пет години за да ја достигнат целта од 100 проценти. Но, на крајот сите земји-членки се согласија да го поддржат оригиналниот предлог, со што станува невозможно да се продаваат автомобили со мотори на внатрешно согорување во Европа по 2035 година и со тоа ги принудува ги производителите на автомобили да се префрлат кон електричните автомобили.

Некои автомобилски компании претходно се лобираа против овоој план, иако Volkswagen, заедно со Ford, Volvo и Merсedes, ја дадоа својата поддршка.

Синџирот на снабдување ќе биде преоптоварен

„Тоа е предизвикувачка цел. Сметаме дека тоа е изводливо“, изјави Антлиц за Reuters во интервјуто на конференцијата Reuters Automotive Europe.

„Најпредизвикувачката тема не е засилувањето на погоните за автомобили. Најпредизвикувачката тема ќе биде засилување на синџирот на снабдување со батерии“, објасни тој.

Тој синџир на снабдување зависи од достапноста на основните компоненти како литиум, никел, манган и кобалт кои влегуваат во производството на модерни ЕВ батерии. Но, цената на тие минерали веќе порасна поради недоволната залиха и преголемата побарувачка и веројатно ќе се влоши како што производителите на автомобили ќе почнуваат да продаваат огромни количини на нови електрични возила во годините непосредно пред забраната за моторите на внатрешно согорување.

ЕВ батериите

Извршниот директор на Stellantis, Карлос Таварес, предвиде дека целата автомобилска индустрија ќе биде погодена со недостиг на батерии најрано во 2024-25 година, пренесува Reuters.

Поврзани вести

Back to top button